fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите немаат капацитет да ги расветлат нарушувањата на изборите

-

Најостро го осудуваме крвавиот инцидент и физичкиот напад врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Еливс Бајрам, кој преставува уште едно грубо и брутално нарушување на изборниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме серија на груби прекршувања на изборниот закон и инциденти на кои полицијата и институциите на владата предводена од СДС молчат. Институциите покажуваат недостиг од капацитет и способност да ги расветлат ваквите настани, додека органите под контрола на СДС се активно вклучени во нарушување на изборната атмосфера. Сите овие инциденти се израз на нервозата во редовите на СДС и на свесноста дека тие ќе доживеат пораз. Кога не би биле нервозни и соочени со уште еден изборен пораз, не би се случувале груби нарушувања на изборниот процес“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изборниот процес има сериозни дамки кои се доказ за нервозата од поразот што СДСМ ќе го доживее на 15 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....