fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите мора да докажат дека сите граѓани се еднакви пред законот

-

„Секој што загазил во криминал има причина да се плаши и треба да се плаши. Секој што безобразно ги краде парите од граѓаните на наместени, криминални тендери на кои се богатат партиски фирми, мора да одговара пред законот и да ги врати украдените пари“, реагираше денеска пратеникот Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

– Со денешниот настап, Петре Шилегов потврди дека единствениот политичар аболиран за тежок криминал е смртно преплашен. Зоран Заев знае дека е повторно фатен во криминал. Затоа аболираниот криминалец Заев избегнува да излезе на ТВ-дуел со мене и јавно да ги соочиме аргументите за граѓаните да видат колку пари украл и на кој начин ги украл. Граѓаните треба да знаат како работата забегала до таму Струмица да плаќа  двојно поскап превоз од Токио. Бледите настапи на Шилегов не може да бидат никакво оправдување за расипништвото на Заев и за богатењето на неговите блиски – рече Пишев.

Тој додаде дека институциите мора одлучно да реагираат и да докажат дека сите граѓани се еднакви пред законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...