fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Има доволно средства за инсулинска терапија на пациентите

-

„СДС очајно се обидува да направи сензационална вест од вообичаена финансиска процедура во едно министерство, со единствена цел да го наруши угледот на Министерството за здравство“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.

Од партијата велат дека „најважно е дека до крајот на годината има доволно средства за да се покријат потребите на сите пациенти на инсулинска терапија“.

„Воопшто не станува збор за кратење на средствата за инсулинска терапија, туку имајќи предвид дека буџетот за 2017 година се планира уште во претходната година, проектиран е буџет за оваа година пред да се спроведе постапката за јавна набавка, а потоа буџетот се репрограмира врз основа на постигнатите цени на јавната набавка и роковите за доспевање на фактурите. Тоа е нормална и вообичаена процедура во финансиското работење на Министерството и воопшто не станува збор за кратење на средствата, туку за тековно репрограмирање на буџетот врз основа на финансиските импликации“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...