fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го поднесе законот за амнестија за учесниците и организаторите на 27 април

-

ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во Собранието предлог законот за амнестија на учесниците и организаторите на нападот во Собранието на 27 април лани.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на прес-конференција рече дека предложено е Собранието да го донесе законот по скратена постапка.

– Со овој закон се предвидува и се уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените постапки и целосно ослободување од издржување на казната затвор, а за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела: учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, насилство, учество во толпа што ќе изврши кривично дело и дело за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Со овој предлог закон се предвидува и бришење на осудата на лицата осудени заклучно со денот на влегување на сила на овој закон – рече Данев.

Според него, со законот ќе се обезбеди правда за сите, вистинско национално помирување наместо селективност и поделби кои, кои како што рече, ги нуди СДСМ.

Во судскиот случај за упадот во Собранието на 27 април минатата година, обвинети се 33 лица од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца за помагање

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...