fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го бојкотираат законот за јазиците

-

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во име на партијата ги повика институциите на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат законот за јазиците и порача дека доколку одговорните во институциите поради тоа се соочат со проблеми или закани, правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ им стои на помош.

– Овој закон е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо. ВМРО – ДПМНЕ ги повикува сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на овој неуставен и штетен закон. Доколку одговорните во институциите се соочат со какви било проблеми или закани, ВМРО – ДПМНЕ и правната комисија им стојат на располагање за правна или било каква друга помош – рече Мицевски.

Тој порача дека законот „за двојазичност“ е  неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во Службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството.

– Членовите од 1 до 14, како и членовите 16, 17, 22, 23 и 24 се во спротивност со Амандманот V од Уставот на Република Македонија, додека членовите 8, 9, 51, 52, 54 и 108 се во спротивност на Амандманот VIII од Уставот на Република Македонија, тоа беше нотирано од страна на претседателот на државата, но и од други еминентни правници. Целата процедура низ која власта го туркаше законот за двојазичност е нелегитимна. Власта го злоупотреби европското знаменце и под превезот на реформски закон од значење за нашиот влез во Унијата донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија – рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...