ВМРО-ДПМНЕ ги осуди заканите и цензурата врз новинарите и медиумите


       
Скопје, 12 март, 2018 - 9:32 (META) 

Секој изминат ден го покажува недемократскиот карактер на оваа власт. Ветуваа живот и слобода, а донесоа цензура, закани и условни затворски казни за медиумите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги осудуваат заканите и цензурата врз новинарите и медиумите.

„Со доаѓање на СДСМ на власт гледаме како нивните мегафони промовираат насилници кои се закануваат и навредуваат новинари. Нормално, на насилниците влакно не им фали. Вината е во пајакот. Одговорност нема. Со доаѓање на СДСМ на власт гледаме класична цензура на емисии. Нормално, на цензорите влакно не им фали. Одговорност нема. Медуимската слобода е загушена, а новинарите се секојдневно под закани и притисоци“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму апелираат да престанат сите форми на притисок и закани врз медиумите и новинарите.

„Република Македонија има потреба од слободни медиуми и новинари, кои без страв ќе работат. Слободното новинарство е обврска за секоја власт и право на граѓаните.СДСМ мора да знае дека без слободни медиуми, без новинарска слобода нема демократско општество“, се додава во соопштението.