fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Фала ѝ на ЕУ за советот, но најдобро решение се избори, а не широка коалиција

-

Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер кому ќе го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за „Мета“.

Во партиското соопштение се додава дека „Коцијанчич само повтори дека е потребен широк консензус и широка коалиција за решавање на престојните предизвици и за приоритетните реформи“.

Госпоѓата Коцијанчич веројатно знае дека од 2002 година наваму, во овие речиси 15 години, само од 2011 до 2014 година, македонската влада немаше коалиција од двотретинско мнзинство во парламентот. Дури и во тие три години успеваше со дијалог со опозицијата да обезбеди двотретинско мнозинство за реформските закони, особено во судството, и широката поддршка никогаш не беше проблем – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата, исто така, велат дека „не добиле одговор ниту на прашањето дали за секое формирање влада во Европа, ЕУ бара на прес-конференција широка коалиција“. ВМРО-ДПМНЕ вели дека во земјите во Европа тоа би се толкувало како директно мешање на ЕУ во внатрешните демократски и политички процеси кога некој однадвор јавно би барал кој со кого да коалицира и како да изгледа коалицијата, „широка или тесна“.

Ние, како најголема партија со најмногу партеници, сметаме дека најдобро решение се предвремени избори и до крај ќе се залагаме за истото. Македонија има искуство со широки коалиции и во 1991 година со експертската влада и во 2001 година со воениот конфликт. Тие ништо добро не ѝ донеле на Македонија. Спротивно на тоа, во овие 10 години кога ВМРО-ДПМНЕ имаше стабилно мнозинство, се отворија 170.000 нови работни места и се постигнаа најдобрите економски резултати – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...