fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Еди Рама продолжи со омаловажување на македонскиот народ

-

„Поигрувањето и тргувањето со највисоките државни и национални интереси ги подгрева апетитите на разни структури кои не ѝ мислат добро на Македонија. Вчера бевме сведоци како вандали се дрзнаа да го симнат државното знаме, сред бел ден, во центарот на Куманово, на неколку стотини метри од местото каде што Заев и Спасовски се сликаа неколку часа откако македонските бранители ги дадоа животите за својата татковина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додадава дека и албанскиот премиер Еди Рама продолжил со омаловажување на македонскиот народ именувајќи го „славомакедонски“.

„Еди Рама индиректно порача дека доколку Македонија не го смени името и не се избори за влез во ЕУ, како и другите држави во регионот, тогаш би се разбудиле оние идеи за промени на границите. Тоа е истиот Еди Рама кој ги собра лидерите на албанските партии од Македонија и ги обедини околу тиранската платформа. На општа зачуденост и осуда од сите Македонци, Зоран Заев и СДСМ позитивно се изјаснија околу тиранската платформа“, се додава во соопштението.

Од партијата велат дека јавноста била сведок на потврди од сите страни дека СДСМ се согласил на двојазичност, промена на парите и на униформите.

„Јавноста го слушна Заев како е подготвен да отвори дебата за промена на името, знамето и на химната. Граѓаните видоа дека е договорена кантонизација, а реформаторот на Зоран Заев, Зијадин Села, најави и федерализација на земјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...