fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Две лица починаа поради негрижата на владата на Заев

-

За неполни два месеци владата на Зоран Заев дозволи две лица да починат поради нивната негрижа, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Таравари не се потрудија ниту да обезбедат реагенси за дијагноза на болеста, ниту обезбедија карантин, но затоа дозволија уште неколку лица да се заразат. Владата на СДС единствено се залагаше оваа вест да не стигне до македонската јавност, без притоа да се грижат за доброто на граѓаните“, стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека министерот за здравство, Арбен Таравари, преку видеопораката признал дека во време на ВМРО-ДПМНЕ пациенти не починувале од ваква болест.

– Таравари ја призна целата негрижа, неспособност и незнаење како да се справи со сериозна здравствена закана по граѓаните во Република Македонија. Неспособноста и неодговорноста на Таравари ја видоа и почувствуваа граѓаните на својот грб. Таравари нека престане да прави стратегии за односи со јавноста и да праќа честитки од луксузните хотели во Америка и нека се фати за работа. И како министер за здравство нека го спречи ширењето на оваа заразна болест во Гостивар и во Гостиварско“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, двете жртви се директна последица на потценувачкиот однос на Таравари и затоа тој треба веднаш да понесе оставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...