fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски и Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор

-

Игор Дурловски и Елена Доцевска – Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор, како што непотребно јавното обвинителство два месеци се „изживуваше со нив“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година.

Од партијата велат дека нема аргументи дека осомничените ќе го повторат делото, дека ќе избегаат или дека би и попречиле на истрагата.

„Со секој изминат ден се потврдува дека нема никаква правна основа да се држат во истражен затвор и останатите патриоти. Причините за нивниот притвор се чисто политички. Селективната правда е неправда. Демократија во Република Македонија нема. Судот и правосудните органи претставуваат продолжена рака на СДСМ. Судот е дел од политичка хајка против лица кои не сториле терористички акт“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека судот треба „итно и неодложно“ да ги пушти од притвор Митко Чавков, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и останатите чија единствена вина, како што велат, е љубовта кон државата.

„Судот и правосудните органи во Република Македонија ја злоупотребуваат мерката притвор. Тие треба да знаат дека оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, а не како средство за казнување на сите оние кои не размислуваат како СДСМ и Зоран Заев“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....