fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Државата остана надвор од ЕУ поради неспособноста на власта

-

Зоран Заев е товар кој ја обременува и влече надолу Република Македонија. Државата остана надвор од структурите на ЕУ поради неспособноста на власта, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ во својата изборна програма ветуваше датум за почеток на преговорите до крајот на 2017 година и излажа. Зоран Заев лично ветуваше дека мора да се брза со ратификацијата на капитулантскиот договор за промена на името во Собрание, за на самитот на ЕУ на 26 јуни државата да добие зелено светло за безусловно отпочнување на преговори. Заев излажа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата тврди дека Македонија тапка во место, корупцијата е на високо ниво, институциите и судството се партизирани, а криминалот на власта метастазира.

„Зоран Заев наместо на реформи и проекти од корист на граѓаните се посвети на продажба на државните интереси. Додека државата пропаѓа на економски план поради неспособноста на власта, Зоран Заев склучува штетни договори, со кои Република Македонија се понижува“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека премиерот нанел непроценлива штета на позициите на државата, прифаќајќи промена на Уставот, идентитетот и јазикот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...