This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Sep 21 20:23:19 2018 / +0000 GMT

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДСМ смета дека „мерцедесот“ е непотребен, може да го продаде




„Состојбата во која се наоѓа блиндираниот „мерцедес“, најдобро покажува како СДС се грижи за државниот имот. Токму владиното мнозинство го води Министерството за внатрешни работи речиси цела година и нивна е одговорноста за состојбата во која се наоѓа возилото“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра.

Од опозициската партија додаваат дека на властодршците е одговорноста дали во вакво возило би ги превезувале високите делегации кои би доаѓале во Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки.

„Доколку СДС смета дека „мерцедесот“ е непотребен, може да го продаде. Ваквите возила не губат вредност доколку се добро одржувани“, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на проектите што ги направиле за потребите на полицијата, набавката на нови возила, реновирањето на полициски станици, набавката на нови форензички лаборатории.

Во соопштението од партијата има и листа на гости кои досега го користеле „мерцедесот“, а помеѓу нив се претседатели, премиери и министри од други држави.

Post date: 2017-06-10 15:51:45
Post date GMT: 2017-06-10 13:51:45
Post modified date: 2017-06-10 18:41:31
Post modified date GMT: 2017-06-10 16:41:31

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com