fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Додека патриоти се во притвор, власта ослободува осудени криминалци

-

Јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата што се води по „политички монтираниот случај за тероризам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека не се повикуваат и сослушуваат ниту сведоци, ниту притворените за насилставата во Собранието од 27 април.

„Тоа е најдобра потврда дека не станува збор за притвор изречен заради некои правно издржани причини, туку неоснована и политичка казна за изживување со луѓе кои мислат поинаку. Додека десетина патриоти се наоѓаат во притвор како резултат на монтиран прогон, власта од затвор ослободува осудени криминалци“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека вчерашното донесување на Законот за амнестија во Собранието е уште една од низата катастрофални политички на Владата на СДСМ. Тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, е потврда дека за премиерот Зоран Заев е поважно да ги подмири „долговите од предизборната коалиција со криминалот, отколку на граѓаните да им гарантира безбедност преку санкционирање на непочитувањето на законите“.

„Овој закон беше донесен на дрзок и шверцерски начин без присуство на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Додека Заев враќа долгови со ослободување на осудени криминалци, Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и другите неправедно обвинети, на кои единствен грев им беше тоа што ја сакаат државата, се товарат за тероризам“, стои во соопштението на опозициската партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...