fbpx

Богоевски ја лаже и манипулира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-

Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на пратеникот од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

„Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во моментов. Македонското државјанство ќе биде заменето со граѓани на Република Северна Македонија. Се менуваат и меѓународните кодови и кратенки. Оние останати државни симболи за кои тој говори дека ќе останат непроменети се оние кои СДСМ во минатото веќе ги промени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека „и додека устите им се полни со ЕУ и НАТО и европските вредности, во реалност прават се спротивно на вредностите за кои наводно се залагаат.“

„Користење на службено возило за патување на годишен одмор не преставува европска вредност“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...