fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Благодарение на СДСМ, Куманово умира од загаденост

-

„Изминатата ноќ Куманово беше најзагаден град во цела Европа. ПМ10-честичките достигнаа вредност од дури 1.000 милиграми на еден кубен метар. Загаденоста 10 пати ја надминува дозволената граница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Благодарение на СДСМ, кои повеќе од 27 години владеат со Куманово, градот секојдневно умира од тивка еколошка катастрофа од загаденост и од негрижа за градот. Како последица на рекордното загадување, со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти. Додека карциномот тивко ги убива кумановчани, СДСМ нема никаков план и не презема мерки за загадувањето. Тие се одговорни што свесно ги оставаат кумановчани секојдневно да се задушуваат“, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека нема ни трага ни глас од гасификацијата на градот најавена од страна на СДСМ ниту од невладините организации кои, како што велат од партијата, криејќи се, избегнуваат да преземат што било во врска со заштитата на здравјето на кумановци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...