!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ВМРО-ДПМНЕ: Беззаконието се крие со тоа што скандалите се прогласуваат за лажни вести


       
Скопје, 19 август, 2017 - 11:17 (META) 

Зоран Заев мисли дека хаосот и беззаконието што ги креираат ќе може да се сокрие преку соопштенија, во кои што, сите скандали ќе ги прогласат за лажни вести, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од таму влеат дека „вистина е дека полицијата раководена од Оливер Спасовски безмислосно ќе убиеше две момчиња.“

„Не е лажна вест дека се вратија мафијашките пресметки, среде бел ден, по улиците низ Македонија и граѓаните се чувствуваат несигурни. Вистина е дека со лошиот Договор со Бугарија ќе се менуваат книгите по историја во Македонија и ќе се мониторираат македонските медиуми. Вистина е дека Заев плаќа со пари на граѓаните, неспособни и некомпетенти кадри кои почнаа да си даваат и оставки. Вистина е дека Мила Царовска испраќала дописи до сите општини да обезбедат локации за градење објекти за згрижување мигранти“, се додава во соопштението.