fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бара закон за „бомби“, а СДСМ сака само измена на кривичниот законик

-

Доколку до вечер на полноќ не се постигне договор на политичките партии во работните групи, во СДСМ размислуваат за повеќе сценарија, меѓу кои е и објавувањето нови аудиоснимки од прислушувани разговори, дознава „Мета“ од извори од опозициската партија.

Оттаму информираат дека главниот проблем што го имаат со ВМРО-ДПМНЕ е законот за „бомби“ и законот за влада. Дознаваме дека од ВМРО-ДПМНЕ бараат со законот за „бомби“ да бидат опфатени сите прислушувани материјали и инсистирале на затворски казни за претставници на медиумите што ќе ги објават. Од СДСМ се против ваквиот предлог и се залагаат за промена на кривичниот законик, со зголемување на казните за поседување на прислушуваните материјали.

„Мета“ дознава дека еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, инсистирал на вчерашната средба да се решат само отворените прашања, за влада и за специјалното обвинителство, а за прислушуваните материјали да се зборува откако овие две прашања ќе бидат решени. Сепак, дознаваме дека од ВМРО-ДПМНЕ не ја прифатиле оваа сугестија и осум до десет часа инсистирале на разговор за ова прашање. На крајот на средбата, еврокомесарот Хан изреагирал дека во вакви услови тој не може да даде препорака за европската иднина на Македонија и ја напуштил резиденцијата на ЕУ во Пржино.

Во однос на законот за влада, од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале замениците-министри да имаат право на вето за сите прашања, додека СДСМ остануваат на ставот право на вето замениците-министри да имаат само за прашања поврзани со изборите.

Денеска, во 17 часот, партиите уште еднаш ќе се обидат да ги усогласат ставовите околу отворените прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...