This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Nov 25 2:04:17 2017 / +0000 GMT

ВМРО-ДПМНЕ бара од Спасовски да го смени началникот на СВР Струмица




Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека два дена молчи за инцидентот во Струмица, во кој полицаец застрела и рани двајца малолетници, „наместо да соопшти детали и да искаже жалење“.

Партијата бара од Спасовски да го смени началникот на Секторот за внатрешни работи Струмица, Танчо Пројковски, кој според нив е одговорен за инцидентот.

- Шеснаесетгодишно момче уште се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а Оливер Спасовски се крие и не одговара на барањата за смена на началникот Трајанчо Пројковски одговорен за полицијата која скандалозно пукаше во деца...Граѓаните очекуваат санкции и крај на полициската бруталност - изјави денеска Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи.

Ѓорѓиевски обвини дека кога СДСМ е на власт и управува со МВР, криминалото зема замав, а страдаат граѓаните.

- ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека заради неспособноста, СДС ќе го пренесе хаосот во институциите. Тој хаос во полицијата загрозува животи. Тоа е директна вина на СДС со нивните кадровски политики во МВР, разрешувањето на докажани професионалци и на нивно место назначување на партиски кадри кои со нивното раководење во службите сериозно ги загрозуваат мирот и безбедноста - рече Ѓорѓиевски.
Post date: 2017-08-13 11:43:29
Post date GMT: 2017-08-13 09:43:29
Post modified date: 2017-08-13 14:59:38
Post modified date GMT: 2017-08-13 12:59:38
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com