fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да се повлече од Договорот со Бугарија

-

ВМРО-ДПМНЕ се залага за пријателски и за добрососедски односи со Република Бугарија, која е пријателска земја, и за пријателство меѓу македонскиот и бугарскиот народ, но Договорот што Заев го потпиша не ги почитува интересите на македонскиот народ и на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите.

„Додека во Бугарија се слави потпишувањето, во Македонија има незадоволство и чувство на пораз, нешто што беше видливо и на прославите на националниот празник Илинден на Мечкин камен и во Пелинце, каде што имаше катастрофална, речиси непостоечка посетеност на народот на овие настани. ВМРО-ДПМНЕ како единствен виновник за овој штетен договор го посочува Зоран Заев и неговата неспособна влада. Доколку се потрудеше и доколку имаше капацитет, желба и волја за работа, СДС можеше да постигне подобар договор, кој ќе беше вистински израз на пријателство и на соработка и со кој немаше да има чувство на победник и на поразен“, пишува во соопштението на опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да се повлече од Договорот и дека тој треба да понуди еквиваленција во поглед на правата и на обврските со што ќе се почитуваат националните и државните интереси на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...