fbpx

ВМРО-ДПМНЕ апелира Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоци

-

Деструктивното однесување на СДСМ кулминира со обид за убиство на поранешниот минитер за здравство, Никола Тодоров, изјави денеска Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ и апелираше Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и до професионалното и непристрасно постапување.

– Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДС за водење политички хајки. Власта не е еднаш засекогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и на законите ќе има одговорност – рече Стаменковска
Таа изјави дека СДСМ и медиумите, кои наводно се под контрола на сегашната влада, се обидуваат да имплицираат некаква одговорност на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа не е ништо друго освен политичка пресметка, обид за манипулација и обид за прикривање на одговорноста за политичкото насилство кое претходеше на физичкото. СДС има намера наместо правна разврска, целиот случај да го користи за креирање политички случај каде не се важни аргументите, правото и правдата – рече Стаменковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...