fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Алијансата за Албанците како мираз му ја носи тиранската платформа на Заев

-

Коалициските партнери на Заев од Алијанса за Албанците, кои како мираз му ја носат тиранската платформа, вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, стои во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поголема потврда од тоа дека од Алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од тиранската платформа со СДС, а не за некаков „граѓански концепт“ кој Заев ни го продава, нема. Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и за амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Заев не ги осудил, како што велат, антидржавните изјави на Зијадин Села, Еди Рама и на Дитмир Бушати, затоа што тој, како што се наведува, „е заробеник на желбата за власт и е спремен да ја проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи влада“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...