fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ако нема избори на 24 април, не важи Договорот од Пржино

-

Ако нема избори на 24 април, тогаш не важи ниту Договорот од Пржино, вели за „Мета“ Иво Котевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, по пишувањата во медиумите дека може да се случи поместување на датумот за 26 јуни.

Според медиумите, на разговорите со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, може да се случи да се побара поместување на датумот на изборите од 24 април на 26 јуни.

– Никакво поместување не доаѓа предвид. Ние сите обврски од Договорот од Пржино ги исполнивме. Оваа криза треба да се реши што побргу, а не да се продлабочува. Ако се поместат изборите, тогаш Договорот од Пржино нема да важи – вели Котески.

СДСМ, пак, останува на ставот дека нема уште еднаш да учествуваат на криминални избори.

– Нашиот став е јасен. Нема да одиме на уште едни криминални избори. Многу од обврските не се испочитувани. Најмногу со обврската на ДИК за проверка на избирачкиот список. Не сме разговарале за поместување на датумот на избори, но ние имаме јасна цел – фер и демократски процес – ни изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.