fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ако мислеше за граѓаните, СДСМ немаше да блокира

-

Доколку барем малку СДС мислеше за доброто на државата и на граѓаните, ќе покажеше доблест и немаше да се обидува да го блокира процесот за оддржување на  локалните избори, одговoри ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Антонијо Милошоски, во кој тој предложи што е можно поскоро да се одржат локални избори.

Откако СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да лицитира со датуми за локални избори како да станува збор за лотарија и порача дека ако досега беше избрана новата влада, немало да има потреба од прес-конференцијата на Милошоски, бидејќи досега ќе беа распишани локалните избори, од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека СДСМ мора да ги преземе вистинските чекори за да не страдаат граѓаните.

„Досега од ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка борба во парламентот нема никаква штета врз функционирањето на локалната самоуправа, но ако од понеделник СДСМ и мнозинството во парламентот не направат соодветна измена и овозможат одржување на локалните избори ден порано, штета ќе има. Штетата ќе се отслика на нормалното функционирање на единиците на локалната самоуправа, кои нема да можат да ги реализираат неопходните проекти и ќе ја внесат државата во хаос“, одговара ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека ако нивниот политички противник не прифати ниту еден од понудените датуми, тоа ќе значи дека бега од соочување со граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...