fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ако има дискриминација, како Алаѓозоски зел 2.370.000 денари од Готен

-

Алаѓозовски е најдобар пример дека во Министерството за култура не постои дискриминација бидејќи од 2007 до 2014 година има добиено 2.370.000 денари преку издавачката куќа „Готен“, а само во Годишната програма за 2014 година има четири проекти во вредност од 121.000 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ.

„СДСМ треба да се срами што во континуитет говори со толку политичка омраза и деструктивност за позитивните промени што се случуваат во културата денес. Овие промени се очигледни и лесно споредливи со владеењето на СДСМ. Денес се случува спротивното од нивното време, кога во културата не се инвестираше, не се градеа нови нови објекти, не се отвораа нови културни установи, не се вработуваа нови млади дипломирани актери, режисери, драматурзи и други профили. Денес токму актери, режисери и издавачи кои се функционери или членови на СДСМ добиваат проекти од Министерството за култура“, стои во реакцијата.

Партијата посочува дека им е зголемена платата на вработените во областа на културата, обезбедени им се подобри услови за работа во нови или реновирани објекти и отворени се нови културни установи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...