fbpx

Влошена здравствената состојба на мигрантите што си ги сошија усните

-

Влошена им е здравствената сосотојба на десетината мигранти кои вчера си ги сошија усните во знак на протест затоа што полицијата не ги пушта да ја преминат грчко-македонската граница. Тие од вчера не јадат и не пијат вода. Денеска нема такви нови случаи.

Економските мигранти од Иран, Пакистан, Сомалија, Бангладеш, Мароко речиси цела недела не се пропуштаат бидејќи предност им се дава на бегалците што доаѓаат од земјите каде има војна.

Поголема група мигранти, голи од појас нагоре, скандираат „Отворете ги границите“ и бараат да бидат третирани исто како Сиријците и како Авганистанците.

Екипите на Министерството за внатрешни работи на јужната граница кај Гевгелија, вчера регистрирале и издале потврди на 1.814 мигранти, кои во земјава влегле од Грција, што е за околу четирипати помалку, во споредба со бројот на потврди што беа издадени претходниот ден, кога полицијата регистрираше 5.979 лица.

Според државјанството, најголем број потврди вчера им биле издадени на мигранти од Авганистан (839 лица), потоа од Сирија (767) и од Ирак (208).

Грчките медиуми утрово јавија дека изминатите три дена, односно од неделата, на островот Лезбос не пристигнал ниту еден мигрант од Турција. Весникот „Катимерини“ ваквата ситуација ја поврза со актуелната политика што ја спроведуваат земјите од т.н. западно-балканска рута, меѓу кои е и Македонија, кои дозволуваат протек само на мигрантите што доаѓаат од Сирија, Авганистан и од Ирак. Дел од медиумите, пак, како причина за „замрзнувањето“ на протекот на миграти кон Лезбос ги наведуваат лошите времески услови во Егејот.

Сепак, денеска, неколку часа подоцна, грчките медиуми, јавија дека утрово на Лезбос повторно пристигнале бродови со неколку илјади мигранти.

Според податоците на МВР, од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, заклучно со вчера, низ земјава поминале вкупно 278.120 мигранти, регистрирани од полицијата. Во истиот период, пак, да останат во земјава побарале само 76 мигранти, кои поднеле барање за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...