fbpx

Власта во Битола откри зошто се иселувале младите во странство

-

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Трпезановска, јавно, на седница на Советот на Општина Битола, откри зошто се исeлувале младите од држaвата. Расправајќи за состојбите во битолското образование и за сè помалиот број ученици во училиштата, Трпeзановска призна  дека политиките на власта придонеле младите да си заминат од држaвата, но тоа треба да се подразбере во позитивен контекст.

– Со укинување на визите за европските земји, а визите беа укинати благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се отвори европскиот пазар на кој секој со своето образование и квалитет може да конкурира – вели Трпезановска.

Што се однесува до барањето на Советот да се изгласа намалување на бројот на учениците во една паралелка под законскиот минумум во училиштата, Трпезановска тврди дека ако има помалку деца во еден клас, децата поефикасно, подобро учат и ја совладуваат материјата. Покрај тоа, смета Трпезановска, така помалиот број ученици нема да ги остави наставниците на улица.

– Со намалувањето на бројот на ученици во училиштата, директорите прават големи напори за правилна прераспределба на работните места, на наставниците, но во рамките на постоечката ситематизација, за никој да не остане на улица – вели Трпезановска.

Од опозицијата на ваквото признание на Трпезановска возвратија дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ што доведоа до иселување на младите никако не би смееле да се стават во позитивен контекст.

– Младите се иселуваат и нема деца поради катастрофално штетната политика на ВМРО-ДПМНЕ кон младите и кон општеството, а не поради тоа што е добро и убаво во државата. Училиштата се празнат, се празни и држвата – рече Валентин Груевски од ЛДП.

По две и пол години од овој состав на Советот на Општина Битола, како никогаш досега за дискусии на советничката говорница се пријавија и неколкумина советници од власта. Вообичаено, седниците поминуваа само со говорите на советниците од опозицијата.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...