fbpx

Власта на Груевски го урна достоинството на професионалните војници, обвини СДСМ

-

Власта на Никола Груевски ја колабира одбраната на Република Македонија и го урна достоинството на професионалните војници и старешини, обвини денеска на прес-конференција членот на извршниот одбор и претседател на комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски.

Тој истакна дека со новниот ребаланс на буџетот, власта на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги скратила парите предвидени за одбраната.

„Од 2006 година до денеска власта на Груевски во континуитет ги крати средствата за одбраната, со што го намалува одбранбениот капацитет на земјава. Условите за работа на припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) ги доведе на дното, под секое човечко достоинство. Каде се помпезно најавените инвестиции во модернизација на одбраната од 300 милиони евра? Ги нема. Го нема ниту ветеното зголемување на платите од 5 отсто за војниците. Професионалниот војник во Македонија денеска има основна плата од само 16.345 денари, далеку под државниот просек од 22.000 денари“, изјави Димитриевски.

Тој рече дека сè уште не се исплатени ниту дневниците на професионалните војници во АРМ за април.

„Војниците заборавија кога последен пат зеле пари за патни и за дневни трошоци. Веќе единаесетта година се чекаат ветените станови за припадниците на АРМ. Преродбеничкиот проект „АРМ мојот вистински дом“ пропадна, а војниците останаа без станови. Во континуитет се случуваат масовни кадровски чистки во одбраната и во армијата, најчесто политички мотивирани“, рече Димитриевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...