fbpx

Владите на Груевски трошеле најмалку 1,73 милиони евра годишно за советници

-

Владата по вчерашните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за годишни трошоци од најмалку половина милион евра за советници на премиерот Зоран Заев, излезе со пресметки, обинувајќи дека во текот на мандатите на Никола Груевски како премиер од 2010 до 2015 година, годишно се трошеле најмалку 1,73 милиони евра на негови советници.

Владата објави список на 91 советник и надворешен соработник на Груевски, појаснувајќи дека во списокот не се објавени податоците за периодот од 2006 до 2010 година, кои допрва ќе се обработуваат.

„Само за една година Владата на Никола Груевски за надворешни соработници и советници има потрошено 71,6 милиони денари пари на граѓаните на Република Македонија, меѓу кои биле ангажирани и надворешни соработници со плата од 7.000,00 евра месечно. Дополнително, недостасуваат податоци од авторски агенции преку кои биле ангажирани надворешни соработници, што значи дека оваа бројка од 91 советници и надворешни соработници, не е финална“, стои во соопштението од Владата.

Оттаму појаснуваат дека покрај индивидуалните договори за советување, поранешниот премиер Никола Груевски има договори за консултантски услуги од меѓународни агенции за застапување, правни консултации, градење на бренд, за менаџирање на углед и слично во 2015 и 2016 година. Станува збор за четири договори во вкупна вредност од 569.000 евра или 34,99 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...