!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Владина делегација на чело со Заев утре и задутре во посета на Бугарија


       
Софија, 19 јуни, 2017 - 20:33 (META) 

Утре и задутре владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во која ќе бидат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ќе престојува во официјална работна посета на Република Бугарија.

Заев утре изутрина ќе се сретне со претседателот на владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, во седиштето на владата на Република Бугарија, а попладне ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Во рамките на посетата предвидени се и одделни средби помеѓу министрите од Република Македонија со нивните колеги од Бугарија.

В среда Заев и Сугарески ќе имаат средба со министерката за енергетика на Република Бугарија, Теменушка Петкова.