fbpx

Владиката Наум: Барањето БПЦ да биде наша мајка црква е нормално, логично и потребно

-

Барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да ја прифати Бугарската православна црква (БПЦ) како мајка црква е нормално, логично и потребно, пишува струмичкиот митрополит Наум во анализата за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Митрополитот Наум во својата кратка анализа ја објаснува врската меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, на ден пред БПЦ да го разгледува писмото од МПЦ.

„Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како мајка црква, како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, е барање кое со години наназад го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и потребно, затоа што некоја црква и така мора да се јави како мајка црква, која ќе нè извлече од изолацијата што ни е наметната од СПЦ (Српската православна црква) и која, потоа ќе нè заштитува, застапува и ќе нè претставува пред вселенскиот патријарх и пред другите православни цркви, а најприродно тоа може да биде само БПЦ. Мајка црква не е толку заедничко за минатото, колку што е заедничко за иднината во богочовекот Христос. Мајка црква е љубов“, пишува владиката Наум.

Тој објаснува дека од моментот кога БПЦ ќе ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА, двете цркви стануваат „сестрински цркви“, што значи дека ќе бидат рамноправни. Но, улогата на БПЦ како мајка црква, пишува митрополитот Наум, тука не престанува во однос на другите православни цркви – БПЦ и понатаму ја има честа да ја претставува пред другите православни цркви сè додека МПЦ не го добие „томосот за автокефалност“.

Според владиката, воспоставување на евхаристичката заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија.

„Во светот на глобализацијата, повеќе е веројатно дека ќе нè молат да влеземе во единство со православните цркви или дури и ќе нè натераат сосила, отколку и понатаму да бидеме изолирани. Во случај на брзо решавање на спорот што Грција го има со нашето име, сигурно ќе се реши и статусот на МПЦ, а БПЦ дури тогаш ќе сфати што, пред Бог, пропуштила“, пишува владиката струмички Наум во анализата за БГНЕС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...