fbpx

Владата со државни и воени почести ќе ги пречека Борисов и бугарската делегација

-

Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев утре со сите државни и воени почести ќе ја пречека високата бугарска владина делегација, предводена од премиерот Бојко Борисов, соопшти владината прес-служба.

Официјалната церемонија за добредојде на бугарската делегација, која е во дводневна посета на Македонија, ќе се одржи на платото пред Владата со интонирање на државните химни на Република Македонија и на Република Бугарија, рапорт на командантот на почесната воена гардиска единица, поздрав на знамето на Република Македонија, обиколка на почесната воена гардиска единица и со поздравување од страна на бугарскиот премиер Борисов.

По церемонијата е предвидена тет-а-тет средба меѓу Заев и Борисов. Во средбата е предвиден и билатерален состанок на двете делегации, по што на посебна церемонија, премиерите ќе го потпишат договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во рамки на церемонијата ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка во повеќе области.

По потпишувањето на договорот за добрососедтво, двајцата премиери ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Програмата на посетата на владината делегација на Република Бугарија продолжува со работни билатерални средби на одделни министри на двете делегации.

Во рамки на утрешниот ден, бугарската висока делегација ќе се сретне со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, како и со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

На вториот ден од официјалната посетата, во рамки на прославата на 2 август, двајцата премиери ќе го посетат и ќе се поклонат пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, каде македонскиот премиер Заев ќе има свое обраќање по повод празникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...