fbpx

Владата предложи нови членови на Регулаторна комисија за енергетика

-

На 75. седница Владата го состави списокот на нови членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Владата на Собранието му предлага да ги избере Марко Бислимоски,  за претседател, а за членови Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, кој е актуелен член на Комисијата.

Владата на 75. седница ја усвоила предлог – завршната сметка на буџетот за 2017 година, со конечен извештај на овластен државен ревизор. Во завршната сметка е констатирано дека минатата година капиталните инвестиции изнесувале 19,8 милијарди денари, вкупните приходи биле 179,70 милиони денари, додека вкупните расходи 196,56 милион денари.

На седницата исто така било одлучено за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија“. Станува збор за нова инвестиција во Македонија, која изнесува 4 милиони евра и ќе оствари 300 вработувања во првите пет години. Компанијата Теламон произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање. Инаку, компанијата е една од најголемите во САД.

Исто така е донесена одлука да се усвои договорот со „Аим проперту“ за закуп на земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2.

На предлог од Mинистерството за труд и социјална политика, министрите го прифатиле предлог – законот за спречување и заштита од дискриминација.

Како една од точките, Александар Дамески е именуван за директор на прилепскиот затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...