fbpx

Владата предлага целосна и делумна амнестија, законот ќе се носи во редовна постапка

-

Oсудените лица на кои им е изречена казна затвор до шест месеци целосно ќе бидат ослободени од издржувањето на казната, а сите други осудени лица за кои се предлага амнестија се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда, предвидува нацртот на законот за амнестија што Владата го усвои на вчерашната седница.

Амнестијата, како што соопштија денеска од Владата, ќе ги опфати и осудените лица кои до денот на влегувањето во сила законот не почнале со издржување на затворската казна, а имаат конечна и правосилна пресуда. Од издржување на казната целосно ќе бидат ослободени лицата и осудени за дела кои на денот на влегувањето во сила на овој закон повеќе не претставуваат кривични дела.

Според предложениот текст, амнестија не е предвидена за осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, потоа за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право.

Законот за амнестија, како што истакнал министерот за правда, Биљен Саљији, е израз на добра волја на државата кон одредена група на правосилно осудени лица, со цел за нивна ресоцијализација и за растоварување на затворите од прекумерниот број на лица кои издржуваат казна во нив.

Законот ќе се носи во редовна постапка, е времен и ќе се однесува на точно определени временски одредници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...