fbpx

Владата подготвува нов закон за СЈО, за Јавното обвинителство и за кривична постапка

-

Коинциденција или не, Владата реши да менува три клучни закони од областа на кривичниот прогон токму на 13 ноември, денот кога поранешниот премиер Никола Груевски објави дека пребегнал во Унгарија, каде што бара политички азил.

Министерството за правда токму на овој ден објави дека подготвува предлог закон за Специјалното јавно обвинителство кој треба да биде готов до крајот на месецот.

„Целта на законот е да се изврши уредување на материјата за статусот, надлежностите и други прашања поврзани со Специјалното јавно обвинителство. Во текот на подготовката на законот ќе бидат вклучени судии, јавни обвинители, меѓународни организации и надлежни институции“, соопшти Министерството.

Истовремено, Министерство за правда подготвува предлог закон за јавното обвинителство. Во образложението се вели дека законот за кривичната постапка е донесен во 2010 година, а започна да се применува од 2013 година и дека со него биле воведени значајни новини кои во најголем дел се однесуваат на јавното обвинителство.

„Затоа е потребно Законот за јавното обвинителство да се усогласи со соодветните решенија пропишани во Законот за кривичната постапка. Целта на Законот е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди и да се усогласи со соодветните решенија пропишани во Законот за кривичната постапка“, информираат од Министерството.

Освен овие два закони, во тек е подготовка и на предлог закон за кривичната постапка. Во образложението од Министерството за правда се вели дека во периодот на неговата примена биле лоцирани одредени недостатоци кои е потребно да се отстранат.

„Дополнително, потребно е усогласување на законот со најновите меѓународни стандарди во оваа област. Целта на Законот е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди и да се надминат лоцираните слабости во неговата примена“, објаснуваат од Министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...