fbpx

Владата поддржува регионална соработка на општините, за локален економски развој

-

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со извршната директорка на Националната алијанса за локален економски развој од Србија (НАЛЕД), Виолета Јовановиќ и други претставници на НАЛЕД.

На состанокот, како што информираат од Владата, се разговарало за можноста, НАЛЕД, како неформална мрежа за соработка на земјите од регионот на полето на локалниот економски развој, да прерасне во регионална организација чии што основачи се владите на земјите од регионот, а членки би биле институции и организации, релевантни за бизнис опкружувањето на локално ниво.

– Македонија ја поддржува секоја иницијатива што придонесува кон она што се обврзавме и пред Европската унија, а тоа е унапредување на регионалната соработка и посебно што е на линија на иницијативата за формирање регионална економска зона. Освен на државно ниво, секако е корисно и општините меѓусебно да се поврзат, да соработуваат, да разменат знаења и искуства. Важно е да се зајакнат општинските административни капацитети и локалните заедници во регионот, низ воспоставување заеднички стандарди во дигитализацијата, градежништвото, катастарот, други важни области, да можат полесно да го привлечат вниманието за инвестирање во општините во регионот – изјавил Заев на средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...