fbpx

Владата по изборите агресивно се посвети на реформите, реферирал Османи во Брисел

-

Имплементацијата на делот „3“ и динамиката за реализација на остатокот од клучните реформи од планот „3-6-9“ биле темите на кои реферирале вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешниот работен појадок во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија.

Османи ги претставил резултатите и постигнувањата од имплементацијата на делот „3“ од планот „3-6-9“ кој, како што истакнал, била успешно завршена со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори.

Остатокот од реформите како што потенцирал Османи се однесуваат и се фокусирани на судството, на разузнавачките служби, на јавната администрација во насока на нејзина деполитизација и професионализација, како и на останатите области како борбата против корупцијата, условите за работа на медиумите, реформите во полицијата,

– По изборите, Владата повторно агресивно се посвети на реформите и дооформување на планот „3-6-9“, кој, во себе ќе ги содржи сите препораки и забелешки од релевантните извештаи и од нашите меѓународни пријатели, затоа што наша цел е, по неговата имплементација да не следи нов дел 12, туку отпочнување преговори – изјавил Османи на средбата.

Османи и Димитров реферирале и за напредокот во затворањето и на политичките прашања, односно, како што стои во соопштението, тие информирале за текот на процесот околу законот за употреба на јазици, за кој се очекува набрзо да биде изгласан во Собранието, како и за напредокот во добрососедските односи, за што ги потенцирале Договорот со Бугарија и напредокот во односите со Грција кои се движат во нагорна линија.

Во рамките на посетата на Брисел, на агендата на Османи и Димитров се и средбите со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и со Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Фредерика Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...