This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 16 7:34:51 2018 / +0000 GMT

Владата организира прослава во 15 градови за поканата за членство во НАТО




Владата организира „голема граѓанска прослава“ за поканата за членство во НАТО, во 15 градови ширум земјата заедно со преку 40 домашни артисти и музичари в сабота, 14 јули.

„Македонија започнува нова приказна - добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ.  Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина“, се вели во поканата до граѓаните на фејсбук-настанот на Влада.

Post date: 2018-07-12 10:50:51
Post date GMT: 2018-07-12 08:50:51
Post modified date: 2018-07-12 10:50:51
Post modified date GMT: 2018-07-12 08:50:51

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com