fbpx

Владата очекува да бидат испочитувани роковите за екстрадиција

-

Владата очекува дека ќе бидат испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови за вакви постапки, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, за екстрадицијата на поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои завчера беа уапсени на аеродромот во Солун со фалсификувани пасоши.

– Би сакал да Ве упатам прво до Министерството за правда, кое е надлежно за екстрадицијата и ја води постапката – изјави Бошњаковски.

Прашан како ќе ги коментира изјавите на двајцата за грчки медиуми дека се плашат да се вратат во Македонија поради притисоци, Бошњаковски рече дека не можат да коментираат изјави бидејќи во тек е судска постапка.

Груевски и Бошковски денеска треба да бидат изведени пред суд во Солун, во врска со употребата на лажните (бугарски) пасоши со кои се обиделе да отпатуваат од солунскиот аеродром.

Двајцата бегалци, по кои македонските власти имаат распишано потреница преку Интерпол, вчера биле изведени пред јавен обвинител во Солун, каде биле информирани за обвинувањата за кои се товарат од македонските правосудни органи.

Грујовски и Бошковски веќе три месеци се во бегство за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, поради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...