fbpx

Владата објави 10 факти за Договорот со Грција: Заштитени се јазикот и идентитетот, нема веќе ФИРОМ

-

На помалку од два месеци пред референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, Владата на својата веб-страница објави 10 факти за Конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратешко партнерство.

Според Владата, Договорот е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија.

„Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ. Стануваме член на семејствата на НАТО и ЕУ нациите кои уживаат силен економски развој. Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна“, се вели во првиот факт.

Понатаму од владата потенцираат дека со Договорот заштитен е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а државјанството е македонско сега и во иднина. Од таму додаваат дека химната, грбот и знамето не се менуваат и дека државните симболи не биле дел од преговарачкиот процес. Kодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

Како придобивки со постигнувањето Договорот, од Владата ги истакнуваат поканата за членство во НАТО и добивањето на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

„Договорот гарантира македонско-грчко пријателство и соработка. Ја зголемува културната соработка помеѓу Македонија и Грција во делот на уметностите, танцот, киното, музиката, театрите и спортот. Го олеснува патувањето преку модернизирање и изградба на нови гранични премини. Ја зголемува соработката помеѓу двете држави во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, како и тероризмот и економскиот криминал“, потенцираат од владината прес-служба.

Како последен 10. факт, од Владата велат дека ќе престане да важи референцата ФИРОМ (ПЈРМ) и нашата земја ќе биде заведена во Обединетите нации под името Република Северна Македонија, преведено на сите јазици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...