fbpx

Владата на Ципрас доби доверба од грчкиот Парламент

-

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба и со 151 глас „за“ доби поддршка од парламентот. Од пратениците, 148 гласаа „против“, а еден бил отсутен.

Освен 145 пратеници од СИРИЗА, за доверба на владата гласаа четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци, односно владата ја поддржаа: министерката за туризам, Елена Кундура, заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, кои до неодамна беа дел од Независни Грци, заменик министерката за цивилна за заштита, Катерина Папакоста, која е независен пратеник, пратениците од Независни Грци, Костас Зурарис и Танасис Папахристопулос, и сега веќе независниот пратеник, а до завчера член на Река, Спирос Данелис.

Сите пратеници од опозициските партии, Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти, Комунистичката партија на Грција, гласаа против.

По добиената доверба од парламентот, вниманието на грчката Влада се насочува кон Договорот од Преспа и пратениците кои што би гласале за негова ратификација.

Ципрас во завршниот говор во парламентот се задржа и на Договорот од Преспа. Ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно договорот. Ципрас му се обрати на лидерот на опозицијата, Киријакос Мицотакис и рече дека во добиениот текст, „соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава“, односно дека се појаснуваат деловите поврзани со јазикот и државјанството.

-Што појаснуваат нашите соседи во овој текст што е правно обврзувачки и ги повторува обврските што произлегуваат од договорот? Прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на националноста. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е споменато во Договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици, рече Ципрас.

Тој го повика Мицотакис на дуел за Договорот од Преспа или во парламентот или на некоја телевизија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...