!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Владата на тематска седница ќе го утврдува правецот на реформските приоритети


       
Скопје, 19 јуни, 2017 - 11:51 (META) 

Владата денеска ќе одржи тематска седница што ќе биде посветена на утврдувањето на правецот на реформските приоритети.

Седницата, како што соопштија од Владата, е закажана за напладне, а еден час подоцна, односно во 13 часот, владиниот кабинет ќе ја одржи седмата редовна седница.

„Во согласност со предложениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и статус на реализација на Рамковниот договор. На редовната владина седница ќе бидат разгледани и кадровски решенија, како и други информации од економскиот и од политичкиот систем и тековната политика“, стои во соопштението од Владата.