fbpx

Владата на следната седница треба да одлучи што ќе се случува со „Македонско село“

-

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески информираше дека  остварил средба со претставниците на менаџментот на „Тинекс“ и хотел „Квинс“ кои го имаат склучено договорот за јавно-приватно партнерство со СОЗР, при што тие му го повториле ставот дека еднострано го раскинуваат Договорот за стопанисување со комплексот „Македонско село“.

Тие известиле дека комплексот „Македонско село“ работел исклучиво со загуба.

– Претставниците на менаџментот ме известија дека се свесни за правните обврски кои произлегуваат од Договорот, а тоа подразбира активирање на Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот во износ од 2.690.409 денари, односно околу 43.000 евра и подмирување на киријата за следните 6 месеци – рече Мирчевски.

Тој потсети дека комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Македонија, и дека одлуката за овој како што вели, неодржлив проект ја има донесено Владата потпишана од поранешниот премиер Никола Груевски и објавена во Службен весник на 24 јуни 2015 година.

– При тоа, од парите на граѓаните за оваа непродуктивна инвестиција се издвоени 6,5 милиони евра, со цел комплексот да биде ставен во функција. Ако се има предвид дека месечната кирија за комплексот изнесувала 3.500 евра и дека во овој момент се испоставува дека истата е неодржлива и дека комплексот работел со загуба, преку едноставна пресметка може да се заклучи дека државата и граѓаните ќе си ги повратат вложените средства, после 150 години. Не сакаме да навлегуваме во тоа што сè би можело да се изгради или направи за интересите на граѓаните со овие 6,5 милиони евра – додаде Мирчевски.

Службата за општи и заеднички работи на следната седница на Владата ќе достави информација за целосната постапка која произлегува од ново-настанатата состојба. Понатаму Владата на ќе донесе одлука за натамошно постапување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...