fbpx

Владата на денешната седница ќе разгледува барања за државјанство на бизнисмени

-

Владата на денешната 42. седница ќе ги разгледува барањата за прием во државјанство на Република Македонија, на Акхмет Кесер, Ичоз Севеџен, Халил Ирфан Бумин и Вели Кујуџи.

Од Владата информираат дека, овие барања ќе се разгледуваат согласно член 11 од Законот за државјанството, според кој „странец кој ги исполнува условите од член 7 став 1 точки 1 и 8 на овој закон може со природување да стекне државјанство на Македонија ако тоа претставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес.“

„Владата на Република Македонија со уредба ќе ги утврди критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство во смисла на став 1 од овој член. Владата дава мислење за постоење на особениот интерес во смисла на став 1 на овој член“, се вели во член 11 од Законот за државјанство.

Халил Ирфан Бумин е управител на компанијата „Пера констракшн“ чија што основна дејност е проектирање и градежни работи како и проектирање и изработка на водоводни системи.

Името на Ичоз Севеџен е поврзано со Балканска млекара ДООЕЛ Скопје која e oснована во 2012 година како подружница на „Суташ“ кој е турскиот водечки бренд за млеко и млечни производи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...