!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Владата ќе расправа за овластувањата на функционерите и за загадениот воздух


       
Скопје, 12 септември, 2017 - 11:33 (META) 

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледана информацијата за дискреционите овластувања на носителите на јавни функции.

Ќе се разгледа и информацијата со анализа за причините и можните причинители на високо ниво на загадување на воздухот во Република Македонија во летниот период, како и точки од кои членовите на владата ќе ги добијат најновите информации за користење и за имплементација на фондовите од ЕУ, состојби и напредок во процесот на европска интеграција и за реализацијата на приоритетите за влез во НАТО.