fbpx

Владата ќе им помогне на „Македонски железници“ со 70 милиони денари

-

Владата на последната седница донела одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво, директна помош за оперативното работење на „Македонски железници“, соопшти Министерство за транспорт и врски.

Со одлуката, како што се наведува во соопштението, се овозможува да се подобри состојбата со која изминатиот период се соочува „МЖ Транспорт“ и да се помогне за деблокада на целокупниот железнички систем во земјата.

–  Според законските прописи, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот – стои во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Оттаму апелираат до менаџерскиот тим и до синдикалните организации да најдат решение во најкус можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.

– Во случај на продолжување на протестот на дел од вработените, ќе се доведе во прашање исплатата на плати за сите вработени во „Македонски желзници“, а со тоа и на целокупното работење на претпријатието и само на штета на претпријатието – се додава во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Поради штрајкот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат целосна исплата на платата за јануари, железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност...