This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Oct 23 18:30:31 2018 / +0000 GMT

Владата на аукција ќе го продава „мерцедесот“ за 230.000 евра




Владата донела одлука да се продаде блиндираниот „мерцедес“ С600 преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии.

„Почетната проценета вредност на овој автомобил, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 14.372.208,00 денари (230.000 евра). Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk“, стои во соопштението.

Истовремено, било договорено почнувајќи од реколтата 2017 година, тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции, за сите категории и типови тутун.

Бил разгледана и информацијата за акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина” од почетокот на акцијата до 2016 година и било констатирано дека се потрошении 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници. Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми, а во извештајот се наведува дека ниту една палма не преживеала.

Била усвоена и информацијата за изработката на Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион, како и Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките.

„Согласно препораките, преземени се мерки и активности со што е отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО. Владата го задолжи Министерството за култура, преку Национална комисија за УНЕСКО да го достави извештајот до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, во рок од 10 дена од усвојувањето на информацијата“, соопштија од Владата.

Post date: 2018-02-13 20:35:49
Post date GMT: 2018-02-13 19:35:49
Post modified date: 2018-02-13 21:43:04
Post modified date GMT: 2018-02-13 20:43:04

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com