fbpx

Владата ќе го донесе законот за јазици пред локалните избори

-

Законот за јазиците ќе биде донесен пред локалните избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница.

– Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени, ќе биде усвоен и во Собранието. Само следете нè и ќе видите како ќе се зголемува бројот на гласови и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите… за оваа владејачка коалиција – истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој, пред почетокот на бизнис-средбата со Сојузот на стопанските комори, истакна дека народот сака решавање на проблемите.

– Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја – рече Заев додавајќи дека законот веќе се подготвува во Министерството за правда и дека наскоро ќе биде доставен до Владата од каде потоа ќе се испрати до Венецијанската комисија и Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...