fbpx

Владата ја почна процедурата за неограничена продажба на алкохолни пијалоци

-

Три месеци по рокот што му го даде на Министерството за економија да достави предлог за изменување на Законот за трговија за укинување на времето за продажба на алкохол и за укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, Владата на својата вчерашна седница ја почна процедурата за укинување на временското ограничување и другите рестрикции за продажба на алкохол.

Како што соопштија од Владата, на вчерашната седница министрите го прифатиле предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на предлог на Министерството за економија за укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.

„Основните решенија на Предлог законот кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците. Исто така  со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата“.

Инаку, Владата уште на 41-та седница на 5 декември минатата година му даде рок од два месеци да достави предлог, кој истече во февруари.

Покрај тоа, владиниот кабинет на вчерашната седница донел и одлука за исплата на паричен надоместок и обезбедување на здравствено осигурување за последните месеци на вработените во компанијата Еурокомпозит од Прилеп.

Покрај другите одлуки, било усвоено и времено укинување на увозната давачка за замрзнато свинско месо и други производи од свинско во период од шест месеци, но не повеќе од 50 отсто од утврдените потреби за суровини на домашната индустрија кои ги дефинирала Стопанската комора на Република Македонија.

На вчерашната 67-ма седница, била усвоена и  Информацијата околу новите моменти за премин во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Македонија и Европската Унија, и го задолжила вицепремиерот Бујар Османи за координација на релевантните институции.

„Оваа одлука на Владата доаѓа врз основа на вербалната нота доставена од страна на Канцеларијата за врски на Република Грција до Министерството за надворешни работи, на 23.02.2018 г. во која се информира дека Грција нема резерви во однос на преминот на Македонија  во втора фаза на ССА“, соопштија од Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...