fbpx

Владата гo вклучи и СЈО во групата за реформите на следењето на комуникациите

-

На денешната 39. владина седница, била усвоена одлука и СЈО и експерти од земјава и од странство да бидат вклучени во работната група за спроведувањето на реформите во системот за прислушување, односно за следењето на комуникациите.

„Оваа одлука е донесена врз основа на увидената потреба во работната група да бидат вклучени и претставници од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и од странство кои ќе се повикуваат по потреба“, се вели во соопштението од Владата за денешната седница.

Покрај тоа, била донесена одлука за прераспределба на буџетски пари помеѓу корисниците од централната власт и фондовите заради исплаќање на разни обврски.

Владата го усвоила и предлог-законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кој се менува висината на придонесите за  вработените, а се овозможува и задолжително осигурување за индивидуалните земјоделци. Во врска со земјоделците се и измените што ги  донесува предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, кој, исто така, бил прифатен на вечерашната владина седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...