Владата го усвои предлог-буџетот за 2019 и ќе го достави до Собрание


       
Скопје, 15 ноември, 2018 - 9:35 (META) 

Владата на својата 103. седница го усвои предлог – буџетот за 2019 година, кој ќе биде доставен на усвојување до Собранието.

Вкупните приходи у расходи во предлог – буџетот се во рамките на предвидените параметри на Министерството за финансии, и резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 проценти од БДП.

„Планираниот дефицит е во согласност со Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната економија, за зајакнување на социјалната праведност и сигурност, и за забрзување на евро-атлантските интеграциски процеси“, се вели во соопштението на Влада.

На седницата на Владата е усвоен и предлог – закон за извршување на буџетот за 2019 година.